ПРВ.мк
Македонија

Сашко Кедев, првиот македонец што ги освои сите врвови над 8.000 метри

Сашко Кедев, првиот македонец што ги освои сите врвови над 8.000 метри
Escape

Доктор Сашко Кедев успеа во нешто што досега не му успеало на ниту еден Македонец – да ги искачи сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.

Утрово, како дел од тимот на експедицијата G1 предводена од „Имеџин Непал“, тој успешно се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Со него беа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“, соопшти експедицијата.

Овој неверојатен подвиг го става Кедев во светскиот клуб на врвни алпинисти и е вистинска гордост за нашата земја.

Mia Home Mavrovo