Работниците во Македонија бараат минималната плата да се зголеми на меѓу 600 и 700 евра, покажуваат резултатите од најновата анкета на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), спроведена на 11 и 12 месецов на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.
Истражувањето покажува дека:
- 45,2% од работниците сметаат дека минималната плата треба да изнесува 600 евра,
- 42% бараат минимална плата над 700 евра,
- 12,8% веруваат дека минималната плата треба да биде 500 евра.
Речиси сите – 99,5% од испитаниците, се согласни дека минималната плата мора да се зголеми до крајот на оваа година.
Анкетата открива и голема подготвеност за реакција:52,8% би протестирале, а 47,2% се спремни да штрајкуваат доколку не се исполни барањето.
Од ССМ велат дека ова покажува дека зголемувањето на минималната плата не е желба на мал број работници, туку реална и итна потреба на целата работничка сила во земјата.
















