На 1 декември 2025 година во 12:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 58-годишниот З.Д. од село Тромеѓа, кумановско.
Постапувајќи по претходна пријава, полицијата го прегледала неговото возило „Цитроен Берлинго“, со кое продавал овошје и зеленчук на ул. „Бранко Богдански Гуцман“. При прегледот, пронајдени и одземени се околу 1.100 различни пиротехнички средства.
З.Д. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.















