ПРВ.мк
Македонија

Пристигна убава вест: Овие граѓани добиваат по 18.000 денари на своите сметки

Пристигна убава вест: Овие граѓани добиваат по 18.000 денари на своите сметки
Kristal

До крајот на годината, работниците во приватниот сектор задолжително ќе го добијат регресот за годишен одмор на своите сметки. Минималната законска сума за исплата оваа година изнесува 18.141 денари за вработените во приватниот сектор, додека во јавниот сектор таа е 12.372 денари.

Согласно законот, работодавачите се должни да исплатат К-15 до 31 декември. Ако работниците не ја добијат законската минимална сума, можат да пријават прекршување кај Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Регресот за годишен одмор се исплаќа еднаш годишно и е задолжителен за работодавачите во приватниот сектор за вработените кои кај истиот работодавач работеле најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Escape