Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот. Според последните податоци, во изминатите десет дена сообраќајната полиција изрекла санкции за 238 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила.
Покрај пешаците, санкции добиле и возачите на моторни возила. Дури 754 учесници во сообраќајот биле казнети поради неносење сигурносен појас, додека 43 мотоциклисти се санкционирани за возење без заштитен шлем.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот, вклучително и возачите на електрични тротинети, да бидат внимателни и крајно одговорни, со цел да се намали бројот на несреќи и повреди на улиците.


















