ПРВ.мк
Македонија

Пијан се заканувал на семејството – полицијата мораше да интервенира! Еве ги деталите!

Пијан се заканувал на семејството – полицијата мораше да интервенира! Еве ги деталите!
Kristal

Драма во Неготино: полициски службеници вчера привеле 37-годишник од градот, откако таткото пријавил дека синот, мортус пијан, упатувал закани кон него.

Според СВР Велес, инцидентот се случил синоќа околу 21:35 часот во семејниот дом. При превземање мерки, на лицето му бил извршен алкотест, кој покажал 2,99 промили алкохол во крвта.

Мажот бил задржан во полициска станица, а јавен обвинител бил известен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Случајот покажува колку опасни можат да бидат семејните инциденти кога алкохолот е вмешан, а полицијата нагласува дека при секоја закана кон членови на семејството треба веднаш да се реагира.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape