ПРВ.мк
Македонија

Пешак тешко повреден – возачот избегал!

Пешак тешко повреден – возачот избегал!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш, кога патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот С.Д. од Радовиш, удрило во пешакот С.Г. (66), исто така од Радовиш.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот по ударот го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се вратил.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом во Радовиш, каде што му била укажана медицинска помош.

Полицијата извршила увид и ги презема сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Escape