ПРВ.мк
Македонија

„Паднаа маските: Министерството поднесе 15 пријави – почнува големо чистење!“

„Паднаа маските: Министерството поднесе 15 пријави – почнува големо чистење!“
Kristal

Министерството за дигитална трансформација активно расчистува злоупотреби од претходните раководни структури и досега поднело вкупно 15 кривични пријави, изјави министерот Стефан Андоновски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Андоновски посочи дека дел од предметите веќе се процесуираат: пет од пријавите се во судска постапка, а останатите чекаат старт на процесот. Според него, Министерството работи систематски, со аргументи и документација, без медиумско спектакуларизирање или политички притисоци.

„Немаме снимки со апсења, нема притисок врз кадрите на Венко Филипче. Секој предмет е аргументиран и оди пред суд“, истакна министерот, додавајќи дека најголемиот проблем е бавната динамика во судството и Обвинителството.

За ИПАРД фондовите, тој појасни дека не станува збор за блокада, туку за пауза поради детални проверки од Министерството за финансии и Владата, со цел да се спречат евентуални злоупотреби и процесот да продолжи сигурно и транспарентно.

Говорејќи за политичката состојба, Андоновски нагласи дека целата одговорност за управување со државата сега паѓа на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што партијата обезбеди апсолутна власт.

„Граѓаните сега за секоја поплака имаат само едно име и презиме“, рече тој, алудирајќи дека власта носи и многу сериозни обврски.

Министерот најави дека декемврискиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе кадровски освежувања, нова енергија и јасни насоки за следниот четиригодишен мандат и за планираното осумгодишно владеење на партијата.

Escape