Општина Бутел продолжува со реконструкција на улици во населеното место Расадник, а денес започнаа градежните активности на улицата „Ангел Мојсковски“. Од општината информираат дека ова е дел од пошироката програма за санација и унапредување на локалната инфраструктура во повеќе населени места.


Во наредниот период, според најавите, ќе следи реконструкција и на улиците „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“, со што ќе се продолжи континуитетот на интервенции во Расадник. Општината потсетува дека претходно биле реконструирани и главната улица во населбата „21“, како и улицата „2“.


Од локалната самоуправа посочуваат дека целта е да се инвестира и да се реализираат проекти и на локации каде, според нив, со години немало доволен интерес за решавање на инфраструктурните проблеми. Општина Бутел најавува дека активностите ќе продолжат, со фокус на модернизација и подобри услови за живот за граѓаните.







