ПРВ.мк
Македонија

Очекувајте исплата! Дополнителни пари на сметки овој месец – проверете дали сте на списокот

Очекувајте исплата! Дополнителни пари на сметки овој месец – проверете дали сте на списокот
Kristal

Граѓаните кои активно ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ можат да очекуваат исплата на повратот на ДДВ за периодот јули, август и септември.

Законскиот рок за исплата е 60 дена по завршување на кварталот, а средствата се исплаќаат автоматски на оние кои ги исполниле условите – односно правилно скенирале сметки и точно ги внесле трансакциските сметки во системот на УЈП.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење во претходните исплати била некоректно внесена или неажурирана трансакциска сметка во апликацијата.

За навремена исплата, граѓаните треба да:

  • Проверуваат дали сите скенирани сметки се евидентирани во „МојДДВ“.
  • Осигураат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП.
  • Следат официјални известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.

Со редовно ажурирани податоци, повратот на „МојДДВ“ ќе се исплати навремено.

Граѓаните можат да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие или до 8.400 денари за цела година, во зависност од бројот и вредноста на скенираните сметки.

FixCredit
Atensa 300
Escape