ПРВ.мк
Македонија

НЕИЗВЕСНОСТ ЗА СЕЈФ СИТИ: МВР размислува дали да го одложи стартот на проектот - ова е причината!

НЕИЗВЕСНОСТ ЗА СЕЈФ СИТИ: МВР размислува дали да го одложи стартот на проектот - ова е причината!
Kristal

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска призна дека стартот на проектот „Сејф Сити“ можеби ќе биде одложен. Иако предлог-решението е подготвено и целта е имплементацијата да започне на 1 јануари 2026 година, министерството сè уште ги разгледува реакциите на јавноста и функционирањето на системот.

„Размислуваме дали стартот да биде 01.01 или 01.02, за да не наметнеме решение кое нема да биде подготвено за примена. Сакаме да сме сигурни дека сè ќе биде како што треба“, рече Тошковски.

Тој додаде дека ако се процени дека граѓаните имаат потреба од дополнителен период за адаптација на новите правила, имплементацијата може да се помести за еден месец подоцна. Министерот нагласи дека приоритет е јавноста целосно да биде информирана за измените и нивното практично значење.

Проектот „Сејф Сити“ ќе донесе нови правила и мерки за безбедност, а исходот од одлуката за стартот ќе биде внимателно следен од сите граѓани.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape