ПРВ.мк
Македонија

(НАЈАВА) НЕ СЕ ПАНИЧЕТЕ: Зголемено полициско присуство во скопско село – еве што навистина се случува!

(НАЈАВА) НЕ СЕ ПАНИЧЕТЕ: Зголемено полициско присуство во скопско село – еве што навистина се случува!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 10 јуни 2026 година, во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на селото Грачани во скопскиот регион ќе се спроведе планирана симулациска вежба.

Во рамки на активностите, на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што во наведениот реон се очекува зголемено присуство на безбедносни сили. Од МВР нагласуваат дека станува збор за однапред организирана вежба, а не за реален инцидент или безбедносна закана.

Целта на ваквите активности е проверка и унапредување на подготвеноста на полициските единици во услови што симулираат реални ситуации, со цел подобра координација и ефикасност при евентуални интервенции во иднина.

Од Министерството упатуваат апел до граѓаните кои во наведениот период ќе се најдат во близина на локацијата да ги почитуваат упатствата и насоките на службените лица, со цел безбедно и непречено одвивање на вежбата.

Најнови вести