Министерството за внатрешни работи известува дека во петок, на 14.11.2025, со почеток во 07:00 часот, во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати.
Според стручна анализа, овие гранати не можат да се транспортираат надвор од полицискиот центар, па уништувањето ќе се изврши на безбеден начин, според предвидените безбедносни стандарди.
Граѓаните се предупредуваат да ја избегнуваат областа за време на активностите на МВР.















