ПРВ.мк
Македонија

МИЦКОСКИ СО ОСТАР СТАВ: Додека сум јас премиер ова никогаш нема да се случи!

МИЦКОСКИ СО ОСТАР СТАВ: Додека сум јас премиер ова никогаш нема да се случи!
Kristal

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска јасно и недвосмислено изјави дека додека тој е премиер, Македонија нема да прифати мигранти од Велика Британија. Тој ги отфрли шпекулациите дека се разгледува можност за отворање мигрантски кампови или населби во земјата.

„Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации. Ние ќе продолжиме жестоко да се бориме против илегалната миграција и ќе развиеме проект ‘Безбедна држава‘ за целосен мониторинг на границите“, изјави Мицкоски пред новинарите.

Од друга страна, опозициската СДСМ преку лидерот Венко Филипче истакна дека нема да дозволи какви било планови на ВМРО-ДПМНЕ за донесување мигранти, потенцирајќи дека ваквите информации се невистини и дел од политичката реторика.

Британските медиуми претходно објавија дека Велика Британија размислува да депортира неуспешни баратели на азил во трети земји, вклучувајќи ја Македонија. Владата и амбасадата на Обединетото Кралство веднаш демантираа дека постои таков договор, нагласувајќи дека соработката се однесува исклучиво на борба против илегалната миграција и криминални мрежи.

Амбасадорот Метју Лосон потенцираше дека Македонија не планира да прифати мигранти и дека сите активности се фокусирани на зајакнување на безбедноста и размената на разузнавачки информации со британските и европските служби.

Со ова, Мицкоски ја појасни позицијата на земјата и ги демантира шпекулациите што се појавија во дел од медиумите.

FixCredit
Atensa 300
Escape