ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски: Никој нема право да им ги одземе покачените пензии на пензионерите – еве што предупреди премиерот!

Мицкоски: Никој нема право да им ги одземе покачените пензии на пензионерите – еве што предупреди премиерот!
Kristal

Христијан Мицкоски, остро реагираше по најавите дека покачените пензии на пензионерите можеби ќе бидат укинати. Тој нагласи дека никој нема право да им ги одземе средствата кои веќе им се исплатени и потенцираше дека секое евентуално укинување би било неправедно и неуставно.

„Овој пат удрија на пензионерите, но тоа што веќе си го земале нема да го вратат“, изјави Мицкоски, додавајќи дека последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија и прашува како тоа зголемување би било неуставно, додека претходните 6.000 денари се сметаат за уставни.

Премиерот истакна дека Уставниот суд има три можности: да ги прогласи зголемувањата за неуставни, да најде „бледа неправна логика“ за дел од нив, или да ги прогласи уставни. Мицкоски потенцираше дека нема да врши притисок врз судиите, но јасно порача дека правдата за пензионерите мора да се почитува.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape