Од вчера до 20 декември, студентите можат да аплицираат за ваучер во вредност од 15.300 денари за купување електронска опрема.
Министерството за дигитална трансформација распиша јавен повик за околу 55.000 редовни и вонредни студенти. Веднаш на првиот ден, кај некои продавачи на технолошки уреди се создадоа колони и беа отворени посебни шалтери.
Со ваучерот, студентот, заедно со документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, може да ја подигне опремата од избраниот економски оператор најдоцна до 31 декември 2025 година.
Околу 1.000 студенти аплицирале веднаш по објавувањето на повикот.

















