ПРВ.мк
Македонија

Изречени казните за Џејла Рамовиќ и членовите на бендот - еве колку ќе треба да платат!

Изречени казните за Џејла Рамовиќ и членовите на бендот - еве колку ќе треба да платат!
Kristal

Основниот суд во Кичево изрече парични казни од по 100 евра за босанската пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот придружен бенд, по прекршочната пријава што ја достави СВР Охрид.

Интервенцијата се случила во вечерните часови на 29 ноември, кога полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со пазарниот и трудовиот инспекторат, спровеле засилена контрола во угостителските објекти во градот. Настапот на Рамовиќ бил прекинат пред самото финале, а таа и четворицата музичари биле приведени бидејќи работеле без потребните дозволи.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го објасни случајот:

„На 29/30.11.2025, при контрола на угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид, затекнати се Џ. Р. (23) како пејачка и К. Џ. (27), Е. П. (25), Ф. Ј. (28) и И. К. (24) како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево“, изјави Димоски.

FixCredit
Atensa 300
Escape