ПРВ.мк
Македонија

Граѓаните во шок од високите сметки за струја – стравот од зимата расте!

Граѓаните во шок од високите сметки за струја – стравот од зимата расте!
Kristal

Сметките за електрична енергија овој месец ги шокираа жителите на Штип. Дел од граѓаните добиле фактури повисоки и до 3.000 или 4.000 денари, иако, како што велат, се трудат да штедат и ги вклучуваат греалките и климите само по потреба – најчесто наутро и навечер.

„Се грееме само кога е најладно, а сметките пак растат. Ако е ваква состојбата уште во ноември, не знам што ќе биде во декември и јануари“, велат штипјани.

Мнозинството се обидуваат да ги искористат последните сончеви денови за да ја намалат потрошувачката, но тоа, според нив, не дава резултати.

Граѓаните стравуваат дека ова е само најава за тешка и скапа зима, а сè погласно се бараат одговори и решенија за зголемените трошоци за струја кои ја оптоваруваат секоја семејна сметка.

Escape