Во државата се води битка со огнот – од вкупно 25 пожари, четири сè уште се активни, а властите се борат со пламени јазици кои зафатија шуми и ниска вегетација на повеќе локации.
Најопасно е кај Василево и село Нивичино, каде што гори нискостеблеста шума. Во Македонски Брод, огнот зафати мешана шума во селото Грешница, а слична е ситуацијата и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде гори дабова шума и грмушки. Пожар има и кај Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, каде што пламените јазици проголтаа мешана шума.
Три пожари се ставени под контрола – кај Желино, Фалише и во Велешко, додека 18 се целосно изгаснати. Властите апелираат на внимателност и бараат соработка од граѓаните за спречување нови пожари.