ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ГУЖВА НА ГРАНИЦА - сообраќајниот пекол започнува

ГОЛЕМА ГУЖВА НА ГРАНИЦА - сообраќајниот пекол започнува
Escape

Сообраќајниот пекол започнува! Денеска на граничните премини Табановце и Богородица владее хаос поради зголемен број возила. Чекањето за влез или излез од Македонија достигнува околу 60 минути, предупредува АМСМ.

Додека останатите премини функционираат без застој, патиштата низ државата се преполни, а интензитетот на сообраќај е зголемен. Возачите се повикуваат на крајна внимателност, особено на критичните делници како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде има ризик од одрони.

АМСМ апелира: возете внимателно, прилагодете ја брзината и следете ја сигнализацијата – патувањето може да биде клопче од нерви ако не сте подготвени!

Mia Home Mavrovo