ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Исчезнатата Македонка забележана како се прекачува во комбе – семејството моли за помош!

(ФОТО) Исчезнатата Македонка забележана како се прекачува во комбе – семејството моли за помош!
Kristal

72-годишната Лилјана Блашкоска од Прилеп, која претходно беше пријавена како исчезната, е забележана како се прекачува во комбе на транспортната компанија „Струмица експрес“ што сообраќа на релација Велес – Радовиш. Информацијата за нејзиното движење ја сподели нејзината ќерка на социјалните мрежи.

Според пријавата, Блашкоска синоќа околу 21 часот ја напуштила својата куќа во Прилеп без да извести каде оди. Таа најпрво отпатувала со автобус до Велес, каде подоцна била забележана како се качува во друго возило, што ги загрижило нејзините најблиски.

Лилјана е висока околу 160 сантиметри и тежи приближно 70 килограми.

Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале да ја контактираат нејзината ќерка Весна на телефонскиот број 077/540-068.

FixCredit
Atensa 300
Escape