Македонија утрово се разбуди со температури под нулата, но денот носи вистински пресврт – до попладне термометрите ќе покажат и над 20 степени. Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува стабилно и сончево време, со мала до умерена локална облачност, а на некои места можно е појава на магла, особено во котлините. Северозападниот ветер ќе остане слаб, без значителни промени во времето.
Според прогнозата, минималните утрински температури ќе се движат од –2 степени во Берово до 6 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 во Маврово до дури 19 степени во Гевгелија.
Во Скопје, претпладне се очекува магла во делови од котлината, но преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 2 до 16 степени Целзиусови.
Метеоролозите најавуваат дека стабилното време ќе продолжи и во наредните денови, но предупредуваат дека маглата во утринските часови може да го намали видливиот опсег на патиштата, па се препорачува внимателно возење.
















