ПРВ.мк
Македонија

Важно за сите што скенираат фискални: УЈП со ново известување

Важно за сите што скенираат фискални: УЈП со ново известување

Управата за јавни приходи објави важно известување за сите граѓани кои ја користат апликацијата МојДДВ, особено за оние кои имаат проблем со најавувањето поради заборавена лозинка.

Од УЈП информираат дека корисниците можат самостојно да ја ресетираат лозинката без да посетуваат шалтер, следејќи неколку едноставни чекори преку електронскиот систем.

Постапката започнува со отворање на платформата за електронски услуги на УЈП, каде што корисникот треба да го внесе своето корисничко име и да ја избере опцијата „Заборавена лозинка“. Потоа, на регистрираната електронска адреса ќе биде испратен линк преку кој може да се креира нова лозинка.

Од Управата апелираат корисниците да ја проверат и папката за несакана пошта (Spam/Junk), доколку пораката не пристигне во главното сандаче.

За граѓаните кои повеќе немаат пристап до електронската адреса со која се регистрирани, потребно е да се обратат во најблиската организациона единица на УЈП за ажурирање на податоците.

Во случај на дополнителни проблеми, на располагање е и Контакт центарот на УЈП, каде што корисниците можат да добијат техничка поддршка и насоки.

МојДДВ е една од најкористените дигитални услуги на Управата за јавни приходи, преку која граѓаните скенираат фискални сметки и остваруваат поврат на дел од платениот данок.