ПРВ.мк
Македонија

Неочекуван потег на ДИК: Кои се набљудувачите што биле фатени во недозволени активности?

Неочекуван потег на ДИК: Кои се набљудувачите што биле фатени во недозволени активности?
Kristal

Државната изборна комисија (ДИК) денеска објави дека осум домашни набљудувачи остануваат без акредитации, откако биле затекнати во агитација во училиште во Општина Шуто Оризари, во непосредна близина на гласачките места.

Според претседателот на ДИК, Борис Кондарко, набљудувачите го прекршиле Изборниот законик и Кодексот за набљудување, однесувајќи се спротивно на правилата за непристрасност. Меѓу нив се и кандидати кои учествуваат во изборниот процес – Елвис Бајрам, кандидат за градоначалник во првиот круг, како и кандидатите за советници Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали.

Во списокот се и Валентина Бајрам, сестра на Елвис, како и Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.

Кондарко изјави дека поради прекршувањето на Кодексот, ДИК го известила Министерството за внатрешни работи, а Општинската изборна комисија во Шуто Оризари ќе биде задолжена да им забрани на овие лица влез во објектите каде што се одвива гласањето.

Покрај ова, ДИК на денешната седница разгледуваше и два приговори за остварување на правото на глас – на Трајче Камчев од Центар и Ќемал Исмаилоски од Кичево. Во двата случаи беше утврдено дека лицата се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до 19 часот.

Претседателот Кондарко нагласи дека досега не е забележано избирачко место каде гласачите не можеле да го остварат своето право на глас.

Escape