Стокомак со гордост ја објави одлуката дека оваа година секој вработен ќе добие регрес во износ од 47.000 денари. Компанијата со ова го наградува трудот, посветеноста и континуираниот придонес на својот тим.
Покрај регресот, Стокомак продолжува со традицијата на доделување летен сет и верски бонус за сите вработени – практики кои веќе со години се дел од корпоративната култура.
„Зад секој успех стојат луѓето кои даваат сѐ од себе секој ден. Остануваме посветени на создавање стабилна, мотивирачка и фер работна средина, каде што грижата за вработените е приоритет, а успехот се гради заеднички“, велат од компанијата.
















