ПРВ.мк
Македонија

Голема полициска акција во Скопје: Приведени 11 лица, шест од нив малолетни

Голема полициска акција во Скопје: Приведени 11 лица, шест од нив малолетни
Escape

Во заедничка акција на полицијата и Државниот пазарен инспекторат, синоќа и ноќеска (19/20 јули 2025) на подрачјето на општина Центар во Скопје беше спроведена обемна контрола во 12 угостителски објекти.

Контролата траеше од 19:00 до 02:30 часот, а резултираше со приведување на вкупно 11 лица. Четворица се лишени од слобода поради кривични дела според членови 215 став 3 и 236 став 1 од Кривичниот законик, а уште седум други лица беа приведени, меѓу кои и шест малолетници.

Покрај тоа, полицијата констатирала низа прекршувања на повеќе закони – за лична карта, за безбедност во сообраќајот, за возила, како и за оружје.

Во рамки на акцијата биле извршени 26 проверки на идентитет, 23 прегледи на лица, како и 11 прегледи на патнички моторни возила. Седум возила биле подигнати со пајак-служба.

Дополнително, припадниците на Единицата за недозволена трговија презеле свои активности, при што биле приведени уште две лица за утврдување на идентитет. Извршени биле и 22 легитимирања, 19 прегледи на лица и проверки на осум патнички возила.

Оваа акција е дел од редовните контроли за зголемување на јавната безбедност и спречување на криминални активности, особено во ноќните часови и во деловите од градот со поголема фреквенција.

Mia Home Mavrovo