ПРВ.мк
Македонија

Драма во Скопје: Приведени осомничени со дрога на повеќе локации!

Драма во Скопје: Приведени осомничени со дрога на повеќе локации!
Kristal

Полицијата во Скопје спроведе координирана акција во која беа приведени неколку лица осомничени за поседување дрога. Акцијата се одвивала на повеќе локации низ градот на 11 и 12 ноември 2025 година.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода седум лица – шест од Скопје на возраст од 19 до 44 години и едно лице (29) од Штип.

При претресите, кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана, за кои постои сомневање дека се наменети за понатамошна продажба.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата најави дека засилените контроли за откривање и спречување на трговијата со дрога ќе продолжат и во наредниот период.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK