ПРВ.мк
Македонија

До крајот на годината се очекува влез на нови компании и над илјада нови работни места, најави премиерот Мицкоски

До крајот на годината се очекува влез на нови компании и над илјада нови работни места, најави премиерот Мицкоски
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека до крајот на 2025 година се очекува четири до пет компании да потпишат договори за отворање свои капацитети во Македонија, што ќе резултира со вработување на околу илјада лица.

Мицкоски истакна дека Владата континуирано работи на привлекување нови инвеститори и дека Македонија е една од најконкурентните земји во Европа. Тој додаде дека ќе има и компании кои ќе се затворат, но тоа е нормален процес и не треба да се толкува како загриженост.

Како пример за растечките инвестиции, премиерот го посочи случајот со компанијата „Костал“, која најави нов инвестициски циклус од 30 милиони евра и отворање на 200 нови работни места со цел зголемување на извозот над 300 милиони евра.

Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да работи на создавање поволни услови за инвеститори и нови работни места во земјата.

FixCredit
Atensa 300
Escape