Полицијата поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради сомневање за злоупотреба на службената положба.
Според истрагата, М.Г., како директорка на Јавната здравствена установа „Здравствен дом Гоце Делчев“ – Делчево, продолжила да работи по навршување на законската старосна граница за пензија, во периодот од 9 јануари до 28 април 2022 година.
Во тој период, таа по основ на плата и придонеси се стекнала со противправна имотна корист од 401.776 денари, со што го оштетила буџетот на здравствената установа.
МВР соопшти дека против неа е поведена кривична постапка за стореното дело.
















