Во охридско село се случил нов шокантен случај на семејно насилство што ја вознемири јавноста. На 11 ноември 2026 година, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Охрид реагирале по пријава дека 35-годишна жена физички ја нападнала својата 62-годишна мајка.
Според информациите, ќерката ја нападнала мајка си користејќи и тврд предмет, при што и нанела телесни повреди. Полицијата веднаш интервенирала и ја лиши од слобода осомничената жена.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против нападнатата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а случајот дополнително ќе се расчистува за да се утврдат сите околности околу инцидентот.
















