ПРВ.мк
Македонија

Дете каснато од куче во Велес – таткото со потресна исповед: „Сè уште не може да поверува што му се случи“

Дете каснато од куче во Велес – таткото со потресна исповед: „Сè уште не може да поверува што му се случи“
Kristal

Десетгодишниот Андреј Илиев од Велес доживеал вистински шок кога на пат кон училиштето бил нападнат и каснат од улично куче во близина на касарната „Алексо Демниевски Бауман“. Инцидентот се случил околу пладне, кога неговиот татко, Стевче Илиев, го испратил на училиште во втора смена. Само петнаесет минути подоцна, добил вознемирувачки повик од синот — куче го каснало за ногата, оставајќи му болна рана и голем страв.

Во својата објава на социјалните мрежи, таткото раскажал дека благодарение на случаен минувач кој веднаш помогнал и на брзата реакција на медицинските екипи од брзата помош, заразното и хируршкото одделение, повредата била навреме санирана. „Раната е добро згрижена, но стравот останува“, напиша Илиев, истакнувајќи дека неговиот син е видно потресен и не сака да оди сам на училиште.

„Сè уште не може да поверува дека нешто вакво му се случи токму нему“, додава загрижениот татко, барајќи итна реакција од локалните власти. „До кога ќе живееме во страв за нашите деца? До кога Општина Велес ќе ја гледа оваа појава како нормална? Барам одговорност и решение. Денес беше моето дете – утре може да биде вашето“, порача тој.

По инцидентот, повеќе родители реагираа со загриженост и испратија фотографии до редакцијата на batali.net, на кои се гледаат улични кучиња како се движат околу училиштето „Блаже Конески“ во Велес. Иако, како што велат, повеќето животни се мирни, тие предупредуваат дека присуството на кучиња пред училиштата претставува потенцијална опасност, особено кога секојдневно десетици деца поминуваат токму таму.

Родителите бараат конкретни мерки и трајно решение, за децата конечно да можат без страв да одат на училиште.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK