ПРВ.мк
Македонија

Возот од минатото се враќа, дали „Шпанецот“ носи само спомени или нешто повеќе? Ова се деталите

Возот од минатото се враќа,  дали „Шпанецот“ носи само спомени или нешто повеќе? Ова се деталите
Kristal

По децении во заборав, легендарниот воз „Шпанец“, кој за многумина претставува дел од златното време на македонските железници, се подготвува за големо враќање на шините. Од Македонски Железници потврдија дека веќе се работи на негова реставрација, со цел да му се врати оригиналниот изглед и функционалност.

Возот, кој некогаш сообраќаше низ цела Македонија и беше симбол на удобност и сигурност, ќе биде детално обновен – од ентериерот до моторниот систем, а планот е да се користи за туристички и носталгични линии.

„’Шпанецот’ е дел од нашата историја. Нашата цел е да го вратиме во живот, да потсетиме на времињата кога возењето со него беше вистинско доживување,“ велат од МЖ Транспорт.

Проектот за реставрација е во почетна фаза, а според најавите, првите тест-возења се очекуваат во текот на следната година. Со тоа, Македонија би добила не само обновен железнички симбол, туку и нов туристички адут што ќе привлече љубители на старите возови од целиот регион.

Возот „Шпанец“ – кој своето име го доби поради шпанското производство и препознатливиот ретро-дизајн – повторно ќе го врати чарот на минатото на македонските пруги.

Escape