ПРВ.мк
Македонија

1.622 набљудувачи го следат вториот круг од локалните избори – еве кои се и од каде пристигнаа

1.622 набљудувачи го следат вториот круг од локалните избори – еве кои се и од каде пристигнаа
Kristal

Во вториот круг од локалните избори 2025, на кои се избираат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе учествуваат и 1.622 акредитирани набљудувачи, информираше Државната изборна комисија (ДИК).

Од вкупниот број, 957 се домашни набљудувачи, додека 621 се меѓународни, што го прави овој изборен процес еден од најследените во последните години.

Меѓу меѓународните организации со најголемо присуство е ОДИХР – Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ, со 500 акредитирани набљудувачи. Освен нив, во процесот се вклучени и:

  • Амбасадата на Соединетите Американски Држави, со 30 набљудувачи,
  • Советот на Европа, со 24 претставници,
  • Европскиот парламент, со 18 набљудувачи.

Дополнително, изборниот процес ќе го следат и 14 странски новинари, кои ќе известуваат за текот на гласањето и атмосферата на теренот.

Присуството на голем број набљудувачи, како домашни така и меѓународни, според ДИК, е гаранција за транспарентност и кредибилност на вториот изборен круг, кој денеска се одвива во мирна и демократска атмосфера низ целата земја.

Escape