Жена од битолското село Долно Српци била повредена додека работела на нива, најверојатно од истрел со воздушна пушка. Инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, кога жената, идентификувана како Д.М. (54), слушнала чуден звук и веднаш потоа почувствувала болка во главата.
Таа била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што лекарите утврдиле дека има повреда предизвикана од истрел. Полицијата извршила увид на местото на настанот, на нива меѓу селата Долно Српци и Вашарејца, и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на тоа кој го испукал проектилот.
















