ПРВ.мк
Македонија

Македонците во неизвесност – дали зимава ќе плаќаме поскапа струја? Еве што откри РКЕ

Македонците во неизвесност – дали зимава ќе плаќаме поскапа струја? Еве што откри РКЕ
Kristal

Македонските граѓани со загриженост ја очекуваат новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која наскоро ќе ги објави новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија. На прагот на зимата, стравот од можен ценовен шок повторно ја отвори дебатата околу стабилноста на енергетскиот систем и одржливоста на цените.

Компаниите чии трошоци директно влијаат на крајната цена на струјата веќе почнаа да ги доставуваат своите барања до Регулаторната комисија. Засега, само државниот оператор за пренос на електрична енергија МЕПСО побара минимално зголемување на цената.

Од РКЕ уверуваат дека не се очекуваат значителни промени и дека засега нема индиции за драстично поскапување. Конечното ценовно решение ќе биде познато по завршувањето на тендерот на ЕВН Хоум, кога ќе се утврди и новата цена на електричната енергија за домаќинствата.

Според претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, до крајот на месецов ќе бидат утврдени цените за пренос и дистрибуција, а неговата проценка е дека нема да има значителни разлики во однос на сегашните тарифи.

Од МЕПСО нагласуваат дека нивните тековни инвестиции во модернизација на преносниот систем се клучни за стабилно снабдување со електрична енергија во текот на претстојната зима.

Во земјава, повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет за производство на струја доаѓа од обновливи извори на енергија, а околу 40% од вкупното производство се обезбедува преку незагадувачки капацитети. Сепак, експертите предупредуваат дека е неопходна изградба на гасни електрани, кои би обезбедиле базна и стабилна еколошка енергија.

На денешната конференција на здружението за обновливи извори на енергија МАРЕС се дискутираше за состојбите на пазарот, новите политики, потребните инвестиции и конкретните чекори што треба да се преземат за поефикасен и одржлив енергетски систем во Македонија и регионот.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK