Педесет и седумгодишен жител на Велес бил приведен од страна на полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Велес, поради закани упатени кон неговата невенчана сопруга. Инцидентот се случил четири часа по полноќ, а полицијата веднаш реагирала по пријавата.
Според информациите од дневниот билтен, мажот се заканувал на својата 59-годишна невенчана сопруга, по што полициските службеници интервенирале и од него одзеле ловечка пушка марка „Застава“, футрола, 16 парчиња муниција и ремен за оружјето.
Лицето е задржано во полициската станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.















