ПРВ.мк
Македонија

УТРЕ УТРО МРАЗ, ПОПЛАДНЕ ЛЕТО

УТРЕ УТРО МРАЗ, ПОПЛАДНЕ ЛЕТО
Kristal

Метеоролошките служби најавуваат вистински температурен пресврт. Утрешното утро ќе започне студено и ведро, со минимални температури кои локално ќе се спуштат под нулата, но преку ден ќе нè очекува сончево време и значителен пораст на температурите.

Минималните утрински температури ќе се движат од –3 степени во Берово до 4 степени во Гевгелија, додека дневните максимални ќе достигнат од 13 степени во Маврово и Берово, па сѐ до 20 степени во Гевгелија.

Во Скопје утрото ќе биде свежо, а денот ќе помине под сонце и умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе варира од 1 до 17 степени.

Сабота: Претпладне во дел од котлините се очекува магла, но преку ден времето повторно ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат од –2 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 14 до дури 29 степени.

Недела: Слична слика – можно е утринска магла по котлините, а потоа стабилно и сончево време со умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од –1 до 7 степени, а максималните од 14 до 18 степени.

Escape