ПРВ.мк
Македонија

230 деца во посета кај претседателката – но едно прашање го привлече целото внимание!

230 деца во посета кај претседателката – но едно прашање го привлече целото внимание!
Kristal

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на која присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, како и ученици од основните училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“. На настанот присуствуваа и деца и претставници од Здружението за образование и истражување „Несил“.

По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во придружба на наставници и претставници ги разгледаа просториите на Кабинетот, при што покажаа искрен интерес за работата на претседателката. Тие поставуваа прашања како: Какво е чувството да се биде првата жена-претседателка? Дали е потешко да се биде претседателка или професорка? Како изгледа еден ден на работа?

Децата се интересираа и за нејзините лични афинитети, инспирации и спомени од младоста.

Претседателката во обраќањето порача дека политичката функција бара знаење, посветеност и култура на дијалог. Таа ги охрабри младите да учат, да размислуваат критички и да градат пријателства.

Како дел од посетата, децата ѝ подарија цвеќе, албум со цртежи и благодарница на турски јазик.

Церемонијата на свечено менување на државното знаме се одржува секој втор петок во месецот, со учество на Баталјонот за почести при Армијата на Македонија, како симбол на почит кон државата и националните државни обележја.

Escape