ПРВ.мк
Македонија

‘Преспа има иднина ако ја чуваме’ – порака на Сиљановска-Давкова од срцето на регионот, ова се деталите“

‘Преспа има иднина ако ја чуваме’ – порака на Сиљановска-Давкова од срцето на регионот, ова се деталите“
Kristal

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска престојуваше во работна посета на Општина Ресен, каде што оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, со членовите на Советот на општината, како и со граѓаните на Преспанскиот регион.

Во разговорите беа истакнати најгорливите локални проблеми, меѓу кои одливот на младите, економските предизвици, како и еколошките закани за Преспанското Езеро. Се потенцираше и значењето на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни европски средства за развој на регионот, особено во делот на туризмот, земјоделието и управувањето со отпадот.

Во средбите со граѓаните, Сиљановска-Давкова нагласи дека активниот дијалог со јавноста е основа на одговорното владеење, додавајќи дека државата мора да покаже поголема поддршка за Преспа и нејзините жители.

„Неслучајно ја започнав мојата турнеја од Ресен – токму поради грижата за Преспанското Езеро“, изјави таа, посочувајќи дека иако дел од проблемите произлегуваат од природни процеси, потребна е стратешка и долгорочна акција за заштита на езерото.

Претседателката ја оцени Преспа како регион со огромен потенцијал за културен и економски развој, но и како пример за соживот и природна убавина што мора да се зачува.

Во рамки на посетата, таа посети неколку културни институции, како и погонот на „Свисслион Агроплод – Ресен“, а попладневниот дел беше посветен на дебата со невладини организации и локални институции за еколошките предизвици и иднината на Преспанското Езеро.

Escape