Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без пречки, со наместа влажни коловози и умерен интензитет на движење надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија.
На граничните премини ситуацијата е различна: – На „Табановце“, за излез од државата се чека околу 40 минути. – На „Дојран“, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите премини, нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез.
Дополнително, намалена видливост поради магла е забележана на неколку планински и високопланински делници: – од с. Гајре кон Попова Шапка – видливост 30 до 40 метри, – на планинскиот премин Пресека – видливост 100 до 150 метри.
АМСМ упатува препорака за внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и строго почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на делниците низ клисурите, котлините и речните долини, каде што е зголемена можноста за одрони, меѓу кои и: – Катланово – Велес, – Маврово – Дебар – Струга, – Виница – Берово, – Кочани – Делчево.
Патните служби остануваат на терен и ја следат состојбата со цел навремено реагирање доколку има потреба.

















