Летото носи отворени чевли и боси стапала, но и видлива, занемарена кожа на петиците. Ако немате време за педикир или сакате природно решение, овој домашен третман ќе ви овозможи стапала мазни и негувани како по скап салонски третман.
Оваа домашна бања за стапала со неколку едноставни состојки ќе ја омекне тврдата кожа, ќе ги елиминира непријатните мириси и ќе ја врати свежината на вашите стапала. Особено е корисна во летните месеци, кога кожата е изложена на сонце, ветер, прашина и сув воздух.
Петиците често стануваат груби, испукани и тврди, што не е само естетски проблем – може да предизвика и болка или воспаленија. Но, редовната нега не мора да биде комплицирана или скапа. Сè што ви треба, најверојатно веќе го имате дома.
Рецепт за домашна бања за стапала
Состојки:
- 2 литри топла вода
- 3 лажици сода бикарбона
- ½ чаша морска сол
- 5 капки есенцијално масло од лаванда или чајно дрво
Постапка:
- Во леген или пластична када за стапала истурете ја топлата вода.
- Додадете ја содата бикарбона, солта и есенцијалното масло.
- Измешајте додека состојките целосно не се растворат.
- Потопете ги стапалата и оставете ги во водата 15 до 20 минути.
- По омекнувањето, нежно истријте ги петиците со турпија или камен.
- Исплакнете ги стапалата, исушете ги со мека крпа и нанесете хидратантна крема или кокосово масло.
Со овој третман, кој може да го правите еднаш или двапати неделно, ќе ги одржувате стапалата чисти, мазни и здрави. Тврдата кожа ќе исчезне, а петиците ќе бидат подготвени за летната обуќа без срам или непријатност.