Иако многумина веќе ги украсиле своите елки, постојат мали, но моќни детали кои, според фенг шуи, можат да донесат среќа, просперитет и љубов во новата година.
Фенг шуи, древното кинеско учење за енергија, тврди дека секоја боја и секој украс имаат посебно значење. Не е важно само каде ја ставате елката, туку и како ја декорирате.
Боите што носат среќа и пари:
- Црвена и златна – богатство и финансиски добивки
- Сребрена и виолетова – благосостојба и успешни прилики
- Зелена и бела – мир, хармонија и здравје
Фенг шуи советува секој член на семејството да стави по еден личен украс – тоа ја зголемува позитивната енергија и ја „заробува“ желбата за новата година.
Што симболизираат најчестите украси?
- Ангел – заштита и нов почеток
- Срце – љубов и блискост
- Птички – нови можности и пријателства
- Паричник или банкнота – богатство и просперитет
- Ѕвезда – успех и остварување на соништа
- Јаболко – здравје и заштита од негативна енергија
- Петел – решавање на семејни и деловни конфликти
Елката може да биде повеќе од празничен декор – таа може да стане симбол на желби, надеж и позитивна енергија која ќе привлече убави настани и радост во годината што доаѓа.
Со овие мали трикови и правилно избрани бои, вашата елка ќе биде магнет за среќа, љубов и финансиски успех. Не чекајте – украсете ја со симболи кои ќе ви донесат среќа!
















