Саботата носи силни влијанија од планетите кои ќе ви го испровоцираат карактерот, емоциите, но и вашата способност за одлучување. Некои ќе бидат наградени за трпението, додека други ќе бидат ставени пред финансиски или емотивен предизвик. Проверете го хороскопот и не дозволувајте денешната шанса или грешка да ви го одреди текот на месецот!
Овен Вашата енергија е силна, но не влегувајте во конфликти без потреба. Финансиски, избегнувајте непланирани трошоци. Внимавајте на стари долгови.
Бик Некој од минатото може да се врати и да побара разговор. Емоциите ви се мешаат со разумот. Не инвестирајте ако не сте сигурни.
Близнаци Ситуација на работа ќе ви го сврти вниманието – не брзајте со одлуки. Во љубовта, некој сака ваше внимание. Слушајте го срцето, не егото.
Рак Денот ќе биде полн со емоции. Време е да расчистите со нешто што долго ве мачи. Финансиски добивате неочекувани вести.
Лав Ќе бидете во центарот на вниманието. Искористете го тоа мудро – не се расправајте. Голема одлука околу пари е пред вас. Ова може да ви го смени животот!
Девица Премногу анализи ве блокираат. Донесете одлука што ви носи мир. Љубовта цвета, но не ја потиснувајте нежноста.
Вага Денес ќе добиете повик или порака што ќе ве изненади. Време е за ризик, но не со пари. Внимавајте кому му ја давате довербата.
Шкорпија Некој сака повторно да влезе во вашиот живот. Бидете сигурни во тоа што го чувствувате. Финансиски, се отвара нова врата.
Стрелец Имате визија, но не ја наметнувајте. Добро е да слушате и други мислења. Љубовта доаѓа на неочекуван начин.
Јарец Работата ви оди добро, но не го занемарувајте здравјето. Одморете. Финансиски, не потпишувајте ништо денес.
Водолија Неочекуван трошок може да ви го расипе денот ако не внимавате. Во љубовта – одличен ден за блискост и искрен разговор.
Риби Интуицијата ви е водич. Ако чувствувате нешто – верувајте му. Денес не е време за компромиси. Некој сака сериозен разговор со вас.