ПРВ.мк
Магазин

Д-р Беќаровски алармира: Ова го правиме секој ден, а може да ви го скрати животот!

Д-р Беќаровски алармира: Ова го правиме секој ден, а може да ви го скрати животот!
Kristal

Докторот Нико Беќаровски упати алармантно предупредување за здравствените ризици од долготрајно седење, кое стана секојдневие за многумина.

„Луѓето кои седат најголем дел од денот имаат 112% поголем ризик за дијабетес тип 2 и 147% поголем ризик за срцев удар“, предупредува Беќаровски. Просечно, денес седиме од 8 до 10 часа дневно, а често и 3-4 часа без никакво помрднување.

Последиците се сериозни:

  • Циркулацијата во нозете се намалува веќе после 30 минути
  • Мускулите ја губат чувствителноста кон инсулинот
  • Гликозата постапно поспоро влегува во клетките
  • Ензимот lipaza опаѓа до 90%, а триглицеридите растат
  • Долготрајното седење го скратува животниот век исто колку и 15 цигари дневно

И тоа не е сè – крвта се успорува, внатрешниот слој на крвните садови почнува да ја губи функцијата, мозокот добива помалку кислород и го губи фокусот, а телото преминува во режим на чување на енергијата.

Што препорачува докторот?

  • Раздвижување 2–5 минути секои 30 минути
  • Кратки прошетки по јадење
  • Движење додека зборувате на телефон
  • Искористување на рекламите на ТВ за кратки паузи
  • Паркирање подалеку од дестинацијата
  • Учениците да се тераат да се раздвижат помеѓу часовите

Беќаровски дополнува дека ултра процесираната храна дополнително го зголемува ризикот од метаболен синдром, срцеви болести и дебелина, особено кај оние кои се неактивни. „Џабе е еден час во теретана ако 9 часа пред или потоа ги отседите. Целта е да се движите – 10.000 чекори дневно за здрав живот“, порача тој.

FixCredit
Atensa 300
Escape