ПРВ.мк
Магазин

Актерката од која регрутираше жени во култ сега учи како да спасува луѓе

Актерката од која регрутираше жени во култ сега учи како да спасува луѓе
Kristal

Алисон Мек, позната по улогата во серијата „Смолвил“, по излегувањето од затвор се обидува да изгради нов живот и кариера.

Таа беше уапсена во 2018 година поради учество во сектата „НХИВМ“, која се претставувала како организација за самопомош, а всушност служела за сексуално искористување на жени. Во 2021 година беше осудена на три години затвор, а пуштена е во 2023 година.

Мек денес студира социјална работа и вели дека сака да го посвети животот на помагање на другите. Во седумделниот подкаст „Алисон афер НХИВМ“ призна дека ја злоупотребила својата моќ, но и дека дел од неа навистина сакал да им помага на луѓето.

Во сектата, таа имала улога на шефица која регрутирала жени, убедувајќи ги дека станува збор за програма за женска моќ. Жените биле подложени на изнудувања, глад, жигосување и сексуална злоупотреба од водачот Кит Раниер, кој е осуден на 120 години затвор.

Escape