ПРВ.мк
Економија

Велков открива: Работниците веќе не веруваат на огласи – аплицираат само ако платата е јасно наведена!

Велков открива: Работниците веќе не веруваат на огласи – аплицираат само ако платата е јасно наведена!
Kristal

Економската неизвесност и растечката инфлација влијаат директно на тоа како граѓаните ја бараат својата следна работа. Според анализите на Дарко Велков од Вработување.ком, во последниот квартал е забележан раст од 6,6% на бројот на апликанти за работа во споредба со минатата година, а трендот продолжува да расте паралелно со влошувањето на економската состојба во земјата.

Во гостување во емисијата „Бизнис21“, Велков посочи дека економската рецесија во Германија веќе се чувствува и во Македонија, особено во производствените капацитети, каде некои фабрики биле приморани да ја укинат третата смена поради намалена побарувачка.

„Интересот за работа не опаѓа, туку расте, особено кога има повеќе активни огласи. Сепак, забележуваме дека луѓето се повнимателни при изборот на работно место – повеќе не аплицираат доколку огласот не нуди транспарентност во однос на платата“, изјави Велков.

Тој откри дека огласите кои содржат конкретна информација за плата добиваат 2,5 пати повеќе апликации од оние што не наведуваат никаква заработувачка. „Луѓето бараат транспарентност – ако има јасно наведена плата, ќе аплицираат; ако нема, едноставно ја игнорираат понудата“, додаде тој.

Според Велков, ова е сигнал дека пазарот на трудот се менува – кандидатите стануваат поинформирани и бараат фер услови, стабилност и јасна финансиска компензација пред да донесат одлука за вработување.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK