ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Утро по пеколната ноќ: Облакодерот претворен во изгорена силуета – градот во шок!

(ВИДЕО) Утро по пеколната ноќ: Облакодерот претворен во изгорена силуета – градот во шок!
Kristal

Новото утро над Загреб донесе мрачна слика на уништување – од некогаш моќниот облакодер „Вјесник“, симбол на градот и препознатлива точка на Славонска авенија, останаа само црни, изгорени остатоци. Скелињата и подовите сè уште тлеат, делови од фасадата опасно висат пред да паднат, а од внатрешноста се издига чад што потсетува на драмата што се одвиваше цела ноќ.

Пожарникарските екипи и утрово се на терен, а проценките се дека постапката за конечно гаснење ќе трае цел ден. Според Нова.рс, условите во текот на ноќната интервенција биле екстремно опасни.

Шефот на противпожарната служба, Синиша Јембрих, откри дека пламенот се ширел со неверојатна брзина низ вертикалните структури на објектот, што речиси целосно ги онеспособило интервенциите одвнатре. Горело на повеќе локации истовремено – нешто што, според првичните претпоставки, може да укажува на сериозен технички дефект во инсталациите.

Градоначалникот Томислав Томашевиќ потврди дека материјалната штета е речиси тотална. Иако нема жртви или повредени, тој најави дека државата и останатите сопственици мора итно да се вклучат во процесот на одлучување за иднината на објектот, кој некогаш бил дом на голем медиумски комплекс.

Но за сега, пред очите на Загрепчани останува само црниот, изгорен силует – нем сведок на една од најтешките и најдраматични ноќи што ги памети поновата историја на градот.

ВИДЕО

FixCredit
Atensa 300
Escape