Хрватска е во страв откако три деца беа пријавени како исчезнати. Станува збор за Патрик Јантолек (16) и братот и сестрата Адријано (14) и Кјара Оречиќ (13), кои исчезнале во Сисак пред два дена.
Мајките на децата велат дека досега не успеале да ги контактираат и стравуваат за нивната безбедност. Патрик и Кјара, кои се дечко и девојка, последен пат биле видени среда наутро.
Локалната полиција ги проверува сите можни локации и апелира до граѓаните: секоја информација може да помогне.
Како изгледаат исчезнатите:
- Патрик Јантолек: кафеава коса и очи
- Кјара Оречиќ: слаба, висока 160 см, кафеава коса и очи
- Адријано Оречиќ: руса коса, сини очи, слаб, висок 180 см
Ако имате информации, јавете се на најблиската полициска станица или на бројот 192, или испратете е-пошта на [email protected].
















