ПРВ.мк
Балкан

Се забранува трајно врзување на кучињата – казни и нови правила за нивната заштита!

Се забранува трајно врзување на кучињата – казни и нови правила за нивната заштита!
Kristal

Во Словенија од вчера стапи во сила новата забрана за трајно врзување на кучињата во домаќинствата, објави Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата.

Според измените на Законот за заштита на животните од 2023 година, кучињата повеќе не смеат да бидат постојано врзани со синџири или јаже. Сопствениците се должни да обезбедат безбедно и пространо место каде што кучињата ќе можат слободно да се движат, со заштита од временски услови и спречување на бегство.

За прекршителите предвидени се парични казни од 1.000 до 1.600 евра. Управата нагласува дека трајното врзување сериозно го нарушува физичкото и психичкото здравје на кучињата, предизвикува повреди, нарушувања во однесувањето и зголемена чувствителност на екстремни температури.

Забраната не се однесува на користење поводник при прошетки или движење на јавни места, кога тоа е неопходно за контрола и безбедност.

Escape