Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, додека судијката на Трговскиот суд, Милица Влаховиќ Милосављевиќ, доби казна од шест месеци затвор.
Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторила кривично дело злоупотреба на службена должност, додека Меденица е обвинета за злоупотреба на службена должност со поттикнување.
Обвинението исто така посочува дека Меденица, како претседателка на Врховниот суд, влијаела врз судијата на Трговскиот суд да донесе одлука во случајот во корист на нејзиниот кум, Раде Арсиќ, на штета на московската корпорација „Тен“.
Ова е првостепената пресуда, изречена од судијата на Вишиот суд во Подгорица, Бранислав Лековиќ.

















